Петровиќ: Во ваква атмосфера не се губи, го вративме МЗТ во АБА-лига!

295

Аеродром е на нозе. МЗТ Скопје после четири години ќе игра во АБА-лига. Македонскиот првак го доби полуфиналето со Широки со 75-71 и уште вечерва го прослави кам-бекот во јадранската елита. Дуелот со Златибор во финалето во неделата резултатски нема да има значење за „сино-белите“.

По оваа средба Александар Петровиќ имаше целосно право на задоволство, во неговата нова авантура во МЗТ Скопје успеа да обезбеди пласман во АБА-лига.

„Емоциите работат, честитки за екипата на Широки за фер и корeктната игра, сакам да се извинам што беше противнички играч удрен од трибините. Го вративме МЗТ во АБА лигата, во ваква атмосфера не се губи, честитки до играчите, до клубот, до публиката и тоа е тоа накратко. Мислам дека заедно направивме голема работа откако јас сум тренер и работам со овие играчи. Ова е голем успех за македонската кошарка“, изјави Петровиќ.

ПретходноАеродром на нозе – МЗТ Скопје е во елитата во АБА-лига (ФОТО)
СледноМилан ја победи Џенова и се врати на лидерската позиција во Серија А! (ВИДЕО)