Реми без голови во Сан Себастијан…

51

Во натпревар од 32.коло во Ла Лига, Реал Сосиедад и Бетис одиграа 0:0 во Сан Себастијан. Се очекуваше ефикасен меч меѓу овие две екипи, но сепак важноста на натпреварот си го стори своето.

Во финишот на средбата домашните останаа со играч помалку зошто Давид Силва за само една минута доби два жолти картони.

Со ова реми и двете екипи освоија по бод. Бетис си ја задржа својата петта позиција на табелата во Ла Лига со 57 бодови, колку што има и Атлетико Мадрид. Додека Сосиедад е шести со 55 бодови.

ПретходноМилан ја победи Џенова и се врати на лидерската позиција во Серија А! (ВИДЕО)
СледноМагична вечер во Аеродром – Срцево ми чука…(ФОТОГАЛЕРИЈА)