Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски денеска го објави списокот на 19 ракометарки на кои ќе смета за претстојниот двомеч со Норвешка во рамките на ЕХФ Еуро-купот 2022.
На истиот нема поголеми изненадувања и во суштина на списокот се наоѓаат ракометарките кои ги играа пријателските мечеви против Црна Гора и Словенија.
Собирот на репрезентацијата е на 18 април во хотелот „Александар Палас“, а мечевите се на програмата на 21 април во Скопје, односно на 24 април во Бекестуа.