Утре се играат сите мечеви од 23.коло во двете втори лиги. Познати се и судиите за натпреварите. Па така на мечот од ВМФЛ – ЗАПАД меѓу Вардар и Тетекс, главен судија ќе биде Благојче Ралевски од Битола, додека на Воска Спорт, која игра дома со Гостивар, ќе и суди Крумислав Ѓорѓиев од Штип.
Јован Качевски од Струга, еден од нашите најдобри судии во последните неколку сезона, е одреден да ја дели правдата на средбата меѓу Пехчево и Детонит. Ова е натпревар од 23.коло во ВМФЛ – ИСТОК, додека на дербито меѓу Беласица и Саса, главен судија ќе биде Марјан Ецкоски.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 23.КОЛО – ЗАПАД (САБОТА 16 Ч)
Беса – Охрид: Марјан Младеновски (Скопје)
Кораби – Велешта: Боби Величков (Велес)
Силекс – Кадино: Никола Петковски (Куманово)
Воска Спорт – Гостивар: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Вардар – Тетекс: Благојче Ралевски (Битола)
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 23.КОЛО – ИСТОК (САБОТА 16 Ч)
Пехчево – Детонит: Јован Качевски (Струга)
Кожув – Братство: Александар Василевски (Скопје)
Слога (В) – ТИМ Локомотива: Кристијан Ѓуровски (Скопје)
Победа – Осогово: Марјан Стојановски (Кичево)
Беласица – Саса: Марјан Ецкоски (Охрид)