Барселона синоќа на својот стадион беше понижена. Доживеа пораз од Ајнтрахт Франкфурт од 2:3 во реваншот во 1/4 финалето во Лигата на Европа и со тоа беше елиминирана од ова европско натпреварување.
Сепак се чини дека повеќе боли фактот дека вчера како да се играше во Франкфурт, во Германија а не на славниот “Камп Ноу“. Имено се смета дека на трибините имало околу 30.000 Германци, фанови на Ајнтрахт кои здушно го бодреа својот тим. Од каталонскиот клуб најавија истрага, да се пронајде виновникот зошто имало толку многу фанови од Германија на стадионот, ако се знае дека на нив им е дадено само 5.000 влезници.
Исто така и стратегот на Барселона, Чави Ернандез имаше што да каже по мечот…
„На овој меч очекував поддршка од најмалку 70.000 наши фанови, но не беше така. Атмосферата не ни помогна, од трибините немавме помош. Ми се чини како да игравме финале со поделен број на гледачи. Клубот треба да провери што навистина се случи, очигледно е дека беше грешка од наша страна“ заклучи стратегот на Барселона.
Zoomt mal rein auf die Spieler.
OG slided durchs Camp Nou.
Nun habt ihr alles gesehen.
–––––#FCBSGE 2:3 | #SGEuropa pic.twitter.com/FOA78lV79V— Eintracht Frankfurt (@Eintracht) April 14, 2022