OФИЦИЈАЛНО: „Феноменот“ купи фудбалски гигант за 70 милиони долари

2562

Бразилската легенда Роналдо купи 90 проценти од акциите на Крузеиро и стана сопственик на клубот од Бразил. Зделката чини околу 70 милиони американски долари и со тоа Крузеиро стана вториот клуб, сопственост на Роналдо после шпанскиот Ваљадолид.

Во 1993 година Роналдо ја почна кариерата во Крузеиро со тоа што го потпиша првиот професионален договор. После речиси една година тој премина во ПСВ од каде што почна неговата авантура во Европа и каде што се проби во светскиот фудбал.

Крузеиро е формиран во 1921 година, два пати бил шампион на Јужна Америка во 1976 и 1997 година, четири пати бил бразилски шампион: 1966, 2003, 2013 и 2014 година, шест пати го освоил Купот на Бразил.

Дури 39 пати бил шампион на шампионатот Минеиро, а последен пат во 2019 година.

Моментално Крузеиро игра во Втората бразилска лига.

ПретходноМакедонија У16 доживеа пораз од Ирска на турнирот во Србија
СледноДинамо Загреб спрема супер трансфер