Динамо Киев избрка фудбалер – неговиот татко работел за Русите!

208

Така е тоа кога се има војна, кога непријателот те напаѓа и врши агресија врз тебе, па се случуваат и нелогични потези. Имено Динамо Киев, еден од најславните клубови во Украина, најславен во екс СССР, деновиве избрка свој фудбалер и тоа поради неговиот татко, кој работел за Русите.

Станува збор за Артур Уваров (17), кој е син на Максим Уваров, човек кој е заменик претседател на сепаратистичката република Лугањск.

Не одобруваме сталинистички методи во кои синот одговара за постапките на својот татко. Сепак, после добиените информации, кои секако дека се проверени од нашата страна, ние како клуб му поставивме конкретно прашање на фудбалерот за активностите на неговиот татко. За тоа каква е неговата поврзаност со војните структури на сепаратистите, но не добивме конкретен одговор од фудбалерот. Ние сме огорчени од однесувањето на фудбалерот, затоа одлучивме да го раскинеме договорот со Уваров“ се вели во соопштението на Динамо Киев.

ПретходноСудии за ВМФЛ: На Вардар му суди Ралевски, Ѓорѓиев на Воска, Качевски во Пехчево
СледноЛапорта по “ГЕРМАНСКАТА ИНВАЗИЈА“ на “Камп Ноу“: Ова е срамно! (ВИДЕО)