Македонските одбојкари добиваат нов странец за селектор, промоција следната недела

481

Македонската сениорска одбојкарска репрезентација следната недела ќе го добие новиот селектор. По долги консултации, Одбојкарската федерација на Македонија се одлучи за промена на селекторското место, кое по минатогодишниот настап на Европското првенство го ослободи досегашниот предводник на тимот, Душко Николиќ.

Николиќ од пред извесно време седна на кормилото на Босна и Херцеговина, репрезентација против која Македонија ќе игра во првата фаза од новото издание на Европската сребрена лига 2022. ОФМ се уште не открива кој ќе биде негов наследник, но најавува дека одлуката е донесена.

„Следната недела ќе треба да го потпишеме договорот со новиот селектор. Не сакам да објавувам ништо додека не ставиме се на хартија. 90% работите се договорени. Можам да кажам дека и новиот селектор ќе биде странец“, вели првиот човек на ОФМ, Петар Стојановски.

Македонија веќе на почетокот на следниот месец треба да го има првиот репрезентативен собир како дел од подготовките за Европската сребрена лига 2022.

ПретходноЧави гневен, Барселона покренува истрага: Кој дозволи 30.000 Германци на “Камп Ноу“!? (ВИДЕО)
СледноНе се Реал и ПСЖ: Дали Мбапе го откри својот нов клуб? (ФОТО)