Познати се судиите за 28.коло во ПМФЛ кое на програмата е викендов. Дербито се игра во Штип, каде Брегалница ја дочекува Шкендија, а овој натпревар ќе го суди Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
Димитар Пилешков од Штип ќе ја дели правдата во Ѓорче, а Игор Иванов од Велес ќе биде на центарот на средбата меѓу Ренова и А. Пандев.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 28.КОЛО –16 Ч
Македонија ЃП – Работнички: Д. Пилешков (Штип) – сабота
Брегалница – Шкендија: С. Трпчевски (Кавадарци) – недела
Ренова – А. Пандев: И. Иванов (Велес) – недела
Пелистер – Шкупи: А. Грујоски (Кичево) – сабота
Борец – Струга ТЛ: Ј. Бартон (Скопје) – сабота
Скопје – Тиквеш: А. Ставрев (Скопје) – недела