Една од најдобрите фудбалски школи во Македонија, онаа на прославениот македонски фудбалски ас Јовче Џипунов, „Форца“ во идинина ќе биде блисок соработник со младинската школа на Црвена Звезда.
„Форца“ е базата од која во последните години излегоа голем број на македонски младински но и сениорски репрезентативци, па нормално е што клуб како Црвена Звезда, која ја базира својата работа на младински категории, односно промовирање на млади фудбалери, да сака она што е најдоброто од Македонија веднаш да премине на „Рајко Митиќ“.
На склучувањето на соработката во Скопје присуствуваа Никола Јелиќ, главен тренер и координатор на младинската школа на Црвена Звезда, како и Срѓан Кариќ, главен скаут на школата.