ИСТОК: Слога (В) броеше до осум, по три бода и за Победа и Беласица

398

Неверојатно. Слога Виница на свој терен во меч од 23.коло во ВМФЛ – ИСТОК, успеа со 8:0 да го победи тимот на ТИМ Локомотива и со тоа да остане на чело на табелата.

Сепак и конкурентите, Беласица и Победа славеа во ова коло, прилепчани дома со Осогово со 2:1, додека Беласица во дербито ја победи Саса со 2:0.

Па така и по ова коло разликата меѓу водешките три екипи остана иста, само Саса отпадна од трката за највисок пласман.

На останатите мечеви Детонит како гостин со 0:1 славеше во Пехчево, додека Кожув и Братство одиграа без голови.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 23.КОЛО

ПЕХЧЕВО – ДЕТОНИТ 0:1

КОЖУФ – БРАТСТВО 0:0

СЛОГА (В) – ТИМ ЛОКОМОТИВА 8:0

ПОБЕДА – ОСОГОВО 2:1

БЕЛАСИЦА – САСА 2:0

ТАБЕЛА

Слога (В) 51, Беласица 50, Победа 50, Саса 44, Кожуф 28, Пехчево 27, Осогово 27, Детонит 24, Братство 14, ТИМ Локомотива 6.

ПретходноЗАПАД: Вардар и Силекс “распукаа“, кикс на Воска…
СледноЃоревски: Не планираме да застанеме, го сакаме трофејот! МЗТ и мак-кошарка го заслужуваат тоа!