МЗТ Скопје од вчера повторно е на мапата во АБА-лига. Александар Петровиќ и неговите момци го добија полуфиналниот дуел со Широки и се пласираа во јадранската елита пред да го одиграат финалето против Златибор.
Утре битката за трофејот ќе биде круна на добрата сезона во ова натпреварување. Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа силен ветер во грб, предводени од своите навивачи дојдоа до посакуваната цел.
И овој натпревар не мина без атракции, а потегот го има Немања Милошевиќ. Го изблокира противничкиот кошаркар за делириум во СЦ „Јане Сандански“.