Струмица на победа до финалето на плеј-офот

73

Без проблеми, бранителот на титулата и актуелен освојувач на Купот на Македонија, Струмица, почна со победа во полуфиналето на машкиот одбојкарски плеј-оф. Во својата сала, струмичани во три сета славеа против Универзитет во Тетово, по што им преостанува само да го добијат и реваншот на гости за да го потврдат местото во големото финале.

Далеку понеизвесно треба да биде на втората полуфинална пресметка меѓу Шкендија и Вардар. Дуелот е закажан за в понеделник од 21 часот.

Прва лига (мажи), полуфинале (први натпревари)

Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово        3:0 (25:20, 25:19, 25:16) (1-0)

Шкендија– Вардар                                (понеделник, 21.00, МРТ-3)

ПретходноРаботнички и Јанта Волеј КВ во финалето на плеј-офот кај дамите
СледноДалас не може без Дончиќ: Јута тргна со победа на гостувањето кај Мавс