Досега невиден скандал го потресе францускиот фудбал. Тренерот на тимот на Сент Етјен, Паскал Дупраз, им забранил на своите фудбалери муслимани, да постат за време на Рамазан, кој секако е во тек во моментов.
Дупраз смета дека постите директно влијаат врз формата на неговите фудбалери, а со тоа и автоматски на резултатите на клубот, па донел одлука истите да бидат забранети на ниво на клуб.
Рамазанските пости во Франција, поточно во Лига 1, не се непознаница, затоа што во оваа конкуренција настауваат многу муслимани. Што се однесува до самиот Сент Етјен, дури деветмина фудбалери во моментов постат, од кои шестмина се стандардни првотимци. Во прв ред тука е капитенот Вахби Кзари, кој претпрел и најголема критика од страна на тренерот, затоа што го смета за своја десна рака.
Токму денеска тимот на Сент Етјен го игра својот нов првенствен меч против тимот на Брест.