Јувентус со двајца играчи повеќе, на крајот извади реми против Болоња (ВИДЕО)

82

Со двајца фудбалери повеќе на теренот, Јувентус извлече реми во судиското продолжение на домашен терен против Болоња во мечот од 33. коло во Серија А лигата. Гостите се до 94. минута водеа со 1:0 и умешно ја оддржуваа предноста, иако беа со двајца фудбалери помалку.

Поради црвените картони на Медел и Сумаро добиени во 84. минута, Болоња завршницата од мечот ја помина во тотална дефанзива, но на крајот не успеа да ја одбрани предноста од 1:0 остварена со голот на Арнаутовиќ во 52. минута.

Силниот притисок на „Старата Дама“ даде резултат во 94. минута, кога по една продолжена акција во гостинскиот шеснаесетник, Влаховиќ на крајот успеа да ја смести топката во гостинската мрежа и да израмни на 1:1.

ПретходноСлаб фудбал и реми без голови на „вечното“ дерби во Србија
СледноКуманово убедливо низ Гевгелија