Ангели го „зедоа“ скалпот на Академија ФМП, Работнички едвај се спаси проти МЗТ Скопје 2

205

Почна битката за опстанок во македонската елита, а првите два натпревари најавија дека ќе биде еднакво интересно, иако станува збор за екипи од последната шесторка. Ова на дело го потврдија Ангели и МЗТ Скопје 2.

Тимот од Кисела Вода предводен од Боби Митев дојде до важна победа над Академија ФМП. Гостите останаа без голем дел од играчите, а момците во таборот на дебитнатот тоа максимално го искористија. Заслужено славеа на оваа средба со 72-60. Ова беше прва победа за Митев на клупата на Ангели.

Одличната игра во третата четвртина беше пресудна за ова сценарио. По осум минути игра Ангели поведе со 15-3 и дојде на плус 13 (71-58), позитива која се покажа како доволна за само трета победа оваа сезона, прва во плеј-аутот.

Каралиќ постигна 14 поени и 10 скока, по 13 поени имаа Рејм и Темелковски кај победникот, на другата страна Бакоч имаше 16 поени, Двојаковски запиша дабл-дабл од 13 поени и 13 скока.

Вториот тим на МЗТ Скопје не успеа да го зеде по вторпат скалпот на најтрофејниот кошаркарски колектив. Малите „штркчиња“ имаа отворен пат, но на шест секунди до крајот примија тројка, Балмазовиќ реализираше за 72-73.

Првото полувреме мина во изедначена битка, по 38-40 на одморот, МЗТ Скопје 2 беше далеку подобар во третата четвртина (25-17), но за жал не успеа да го задржи ритамот. Работнички се врати во последниот период.  Лука Петровски го имаше последниот шут за победа, но не успеа да реализира.

Балмазовиќ имаше 28 поени и 7 скока кај победникот, на другата страна Петровски запиша 16 поени и 7 скока.

ПретходноРоналдо, Роналдо, Роналдо…за победа на Јунајтед! (ВИДЕО)
СледноВо Ѓорче “МИРИСА“ на Европа! (ФОТОГАЛЕРИЈА)