За помалку од половина час ќе стартува “братското дерби“ меѓу Вардар и Тетекс, од 23.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Забележливо, според официјалниот записник дека вардарци ќе мораат да играат без своите двајца најдобри играчи, Филип Гачевски и Дарко Мицевски. Дознаваме дека и двајцата се болни, со настинка.
Ова е уште еден проблем за Вардар во натпреварот со квалитениот состав на тетовските „штофари“.
Да потсетиме, мечот се игра на ФФМ со почеток од 16 часот.