ВМФЛ-ЗАПАД: “Братско дерби“ на ФФМ, Воска на мегдан со Гостивар, Силекс го пречекува Кадино…

297

За попладне од 16 часот закажани се сите пет натпрвари од 23.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Дербито се игра на ФФМ во Скопје, во кое се среќаваат “братските клубови“ Вардар и Тетекс. Нешто што го наметнаа фановите на двете екипи.

Вардар е со нов тренер, поточно со нов В.Д тренер во името на Бобан Грнчаров. Секако дека тој е поставен само да се одработи сезоната до крајот со оглед дека вардарци ги загубија сите шанси за пласман барем во баражот за враќање во елитата. Грнчаров нема тренерско искуство, па ако сакате и квалитети за оваа функција, па нема да биде сензација ако Тетекс, предводен од Славчо Георгиевски, среде Скопје успее да го победи Вардар.

Воска Спорт  го дочекува Гостивар. Се разбира дека тимот на Раде Цицмиловиќ е фаворит, но нема да биде така лесно за Воска која со една нога веќе е во баражот.

Лидерот Силекс игра дома со Кадино, и не би требало да има проблеми со освојување на трите бода.

На останатите мечеви се среќаваат Беса – Охрид и Кораби – Велешта.

 

ДВОЈКИ ЗА 23.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

БЕСА – ОХРИД

КОРАБИ – ВЕЛЕШТА

СИЛЕКС –КАДИНО

ВОСКА – ГОСТИВАР

ВАРДАР – ТЕТЕКС

ТАБЕЛА

Силекс 56, Воска 51, Вардар 43, Тетекс 35, Гостивар 29, Беса 26, Охрид 22, Кораби 20, Велешта 17, Кадино 6

ПретходноБорис Бекер: Тенисот е пред уништување
СледноВМФЛ – ИСТОК: Беласица ќе атакува по трите бода со Саса, Слога (В) пред лесна победа со “фенерџијата“…