Во Ѓорче “МИРИСА“ на Европа! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

258

Македонија ЃП – Работнички 1:0 е епилогот од скопската пресметка денеска во рамките на 28.коло во ПМФЛ. Гостинот од Градски парк и не беше така лош. Имаше свои шанси најмалку за бод, посебно таа во последните секунди од средбата кога Ристовски можеше да ги расплаче „лавовите“.

Сепак генерално Македонија ЃП на свој терен покажа повеќе и заслужено ги виша трите бода од овој интересен меч.

И дефинитивно, нема веќе дилеми, во Ѓорче и тоа како “мириса“ на Европа. Во пресрет на утрешните мечеви на Шкендија со Брегалница во Штип, и на А. Пандев со Ренова во Тетово, четата на Муарем Бајрами сега е втора со 53 бода, по еден повеќе од тетовци и штипјани.

Ако веќе Шкупи следниот викенди би требало да слави титула, тогаш за тие две места кои водат во Европа, екипите на Македонија ЃП, Шкендија и А. Пандев ги чека пеколна битка во последните пет кола.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноАнгели го „зедоа“ скалпот на Академија ФМП, Работнички едвај се спаси проти МЗТ Скопје 2
СледноПо вистинска драма Ѓорческа се пласира во финалето на турнирот во Италија!