Далас не може без Дончиќ: Јута тргна со победа на гостувањето кај Мавс

97

Кошаркарите на Јута тргнаа со победа на гостувањето кај Далас во првиот меч од плеј-офот во НБА лигата. „Џезерите“ кои имаат подобра стартна позиција во првата рунда од разигрувањето на западот, ја искористија предноста со неиграњето на Лука Дончиќ и успеаја да поведат со победа на гости од 99:93.

Јута уште од стартот на мечот покажа дека е за нијанса подобра до домашните, континуирано одржувајќи тесна предност, која на крајот се покажа и како одлучувачка за победникот.

Мичел со 32 поени и Богдановиќ со 26 беа носители на играта и победата на Јута. Кај Далас во отсуство на Дончиќ и Хардавеј, главниот товар падна врз Брансон кој средбата ја заврши со 24 поени.

ПретходноСтрумица на победа до финалето на плеј-офот
СледноДеспотовски и Будва поведоа во црногорското плеј-оф финале