Жоржињо бара 7 милиони евра по сезона од Јувентус

242

Италијанскиот репрезентативец Жоржињо е една од целите на Јувентус, тврди весникот „Газета дело Спорт“. Договорот на 30-годишниот фудбалер од средниот ред со Челзи му истекува во јуни 2023 година, а „сините“ од Лондон не можат да преговараат со него во моментов за нов договор поради наложение санкции од британското правобранителство кон сопственикот Роман Абрамович.
Јувентус ќе може да преговара со Челзи за трансфер на Жоржињо кога продажбата на Челзи ќе биде официјализирана.
Според „Газета“ италијанскиот репрезентативец роден во Бразил бара плата од 7 милиони евра по сезона. Тој ќе се насочи кон Торино ако преговорите за обновување на договорот со Челзи не успеат.
Тоа значи дека Жоржињо ќе добива плата колку што заработува Душан Влаховиќ. Во моментов најскапоплатен играч е Холанѓанецот Матијас де Лихт со заработка од 8 милиони евра годишно, плус 4 милиони во вид на бонуси.

ПретходноАБА лига кратко и јасно: GAME HERO – Дамјан Стојановски (ВИДЕО)
СледноПознати се сите двојки во НБА плеј-офот (ВИДЕО)