Дека денешните фудбалски звезди се навистина вообразени, и сметаат дека ама апсолутно се им е дозволено не е тајна. Еднставно милионите кои пристигнуваат на нивните банковни конта на неделно ниво се преголеми за да тие имаат допир со реалноста.
Еден од оние клубови кои најмногу допринесе за да оваа ситуација буквално ескалира во последните години е токму ПСЖ. Нафтентие милијарди нема никогаш да секнат, па така на пример еден Нејмар годинава ќе заработи речиси педесет милиони евра, а Лионел Меси десетина помалку.
Во тој „милионерски“ редослед се стигнува и до еден Лаивин Курзава (!?), кој сезонава има одиграно помалку мечеви отколку што ќе заработи милиони. Забележа само еден настап и тоа уште во август минатата година, а ќе заработи пет милиони евра.
Токму затоа, не ни зачудува фактот што Курзава задоцни на последниот тренинг на клубот, па сакајќи да влезе во базата со своето скапоцено Ферари, едноставно немаше кој да му отвори. Си постоја човекот дваесетина секунди, виде не виде….си замина…
Курзава е истиот оној фудбалер кој избегна линч од страна на навивачите при елиминацијата на ПСЖ од Лигата на Шампионите сезонаа.
Je crois qu’on tient la vidéo de l’année… 😭
Kurzawa qui se présente 15 min après le début de l’entraînement mais plus personne est là pour lui ouvrir. Obligé de faire demi-tour 😭 pic.twitter.com/V2COtzrCSS
— PSG COMMUNITY (@psgcommunity_) April 16, 2022
Kurzawa a été pris à partie par des supporters parisiens après l'élimination face au Real Madrid.
🎥 @lxminni pic.twitter.com/G3M0OqiUfK
— BeFoot (@_BeFoot) March 17, 2022