МЗТ Скопје со победа над Широки од 75-71 во полуфиналето на завршниот турнир во АБА2-лига обезбеди место во јадранската елита. После четири години актуелниот македонски првак се враќа во АБА-лига, а на патот зад себе ги имаше своите верни фанови.
Во СЦ „Јане Сандански“ дојде и иднината на клубот. Голем број на млади дечиња беа на трибините, ги бодреа своите идоли, ги освоија срцата на сите со својата искреност.
МЗТ Скопје утре во финалето игра против Златибор, кој иако дојде до завршницата сепак за место во АБА-лига треба да одигра бараж меч со најслабо рангираниот српски тим од елитата, бидејќи е шестти тим во ова натпреварување, што е спротивно од пропозициите.
ФОТО: Драгана Стјепановиќ/АБА лига