Нема повеќе билети, Македонија – Чешка утре пред полни трибини

155

Ракометната федерација на Македонија предмалку објави дека капацитетот на салата Борис Трајковски за утрешниот квалификациски меч против репрезентацијата на Чешка е исполнет, односно дека се продадени сите билети кои беа пуштени во продажба.

Македонија мечот против Чешка го игра утре со почеток од 19:00 часот, а истиот се игра во рамките на квалифиакциите за пласман на Мундијалот во 2023 година.

Пред само неколку дена на гостински терен одигравме нерешено 24:24, а сега пред полни трибини и пеколна атмосфера избраниците на Кирил Лазаров ќе имаат шанса за освојување на полн плен.

ПретходноТренерот на Сент Етјен забрани да се пости за Рамазан
СледноКурзава закасни, па никој не му отвори (ВИДЕО)