Попладнево се одиграа три меча од 28.коло во ПМФЛ, утре на програмата се останатите три.
Македонија ЃП во градската пресметка со Работнички славеше со 1:0. Сефер Емини уште во 12.минута постигна прекрасен гол за победа, така се покажа на крајот. Иако до крајот на натпреварот и двете екипи имаа свои шанси, сепак реално “лавовите“ беа подобри токму за тие 1:0.Со овие три бода Македонија ЃП и дефинитивно се вклучува во битката за излез во Европа. Ристовски во 93.минута имаше голема шанса за израмнување, домашните имаа среќа.
Лидерот Шкупи со многу мака против жилавиот Пелистер сека успеа да слави во Битола и тоа со 0:1, и тоа со голот на Омар Имери. Значи чаирчни сека успеаја да го пробијат “бункерот“ на Пелистер.
Борец, по малку неочекувано, но сепак убедливо ја доби Струга ТЛ и тоа со 2:0. Ѓорѓевиќ и Ѓорѓиев беа стрелци за победа на натпреварот во Велес.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 28.КОЛО
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1:0
(Емини 12.,/)
БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ 2:0
(Ѓорѓевиќ 64.,Ѓорѓиев (п) 77./)
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0:1
(/Имери 65./)
УТРЕ:
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА
РЕНОВА – А.ПАНДЕВ
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ