ПМФЛ: Ќе биде “жешко“ во Ѓорче, лидерот гостува во Битола и е на два чекори до титулата…

117

 

Денеска и утре се играат сите натпревари од 28.коло во ПМФЛ. Поради мечевите од полуфиналето во Купот на Македонија, денеска од 16 часот се играат три средби, а утре исто така три.

На денешната програма секако дека големо внимание прредизвикува градскиот дуел во Ѓорче, во кој се среќаваат Македонија ЃП и Работнички. На “лавовите“ им е неопходен секој гол, секој бод во битката за Европа, додека Работнички доаѓа со две победи во низа под водство на новиот тренер Стојан Игњатов.

Јасно е дека ќе биде „жешко“, како и секогаш кога играат овие две екипи.

Во Велес домашниот Борец ја дочекува Струга ТЛ, а во Битола гостува лидерот Шкупи, кој е само на два чекори до титулата. Имено ако денеска чаирчани победат, тогаш во наредното коло дома, против Ренова, ќе може и да стават печат на шампионската круна.

Какви се амбициите на Шкупи на денешното гостување кај Пелистер, свое видување има Инасио Куевен, бразилскиот интернационалец во дресот на чаирчани.

“Без разлика каде е на табелата, нема да биде лесно против Пелистер. Битолчани ја имаат предноста од домашен терен, но ние сме целосно подготвени и фокусирани за овој натпревар. Нема дилеми дека ги посакуваме бодовите, ја посакуваме победата“ потенцираше Куевен.

 

ДВОЈКИ ЗА 28.КОЛО (16 Ч)

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (САБОТА)

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (НЕДЕЛА)

РЕНОВА – А.ПАНДЕВ (НЕДЕЛА)

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (САБОТА)

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (САБОТА)

СКОПЈЕ – ТИКВЕШ (НЕДЕЛА)

ПретходноМиклован Пере: Го респектираме Борец, но Струга ТЛ оди по трите бода во Велес!
СледноСтартува трката за плеј-оф и за опстанок во „елитата“