Одличен настап, три гола на Кристијано Роналдо за победа на Јунајтед против Норвич, во меч од 33.коло во Премиер – лигата. Во 7. и 32. минута Португалецот стрелаше за 2:0, но гостите израмнија на 2:2 во 45. и 52.минута. Сепак Кристијано Роналдо реши овој меч да го добие неговиот тим, па така во 76.минута постигна и трет гол за победа на Јунајтед.
На останатите мечеви Саутемптон го победи Арсенал со 1:0, а Ватфорд како домаќин загуби од Брентфорд со 1:2.