Шкупи, барем резултатски, до планираната победа над Пелистер во Битола дојде многу потешко од очекувањата. Сепак на крајот триумф од 0:1 и тоа со голот на Омар Имери, сега останува следниот викенд да се победи Ренова на Чаир и Шкупи и официјално да стане првак на Македонија.
За она како го виде натпреварот во Битола, Гоце Седлоски за “Спортмедиа“ истакнува.
“Секогаш е тешко да се игра против Пелистер. Тоа е жилав тим, кој знае и тоа како да се брани. Ние постојано бевме на нивна половина, од друга страна моравме да внимаваме и на нашиот гол, познато е дека Пелистер од контри е доста опасен. Сепак на крајот успеавме да победиме, јас им честитам на момците, најважни се трите бода кои успеавме да ги освоиме во Битола. Мораме да бидеме задоволни, на чекор сме до целта. Сепак без разлика што и да се случи на дуелот со Ренова, ние максимално професионално ќе ги одиграме сите натпревари до крајот“ истакна стратегот на Шкупи.