Фудбалерите на Црвена звезда и Партизан одиграа без голови (0:0) во 167. „вечно“ дерби во српската Суперлига.
Гостите имаа повеќе желба и причини за да притиснат од стартот на мечот, но на крајот не успеаја да дојдат до посакуваниот погодок. Во првиот дел и двата тима одиграа под просекот, а во вториот дел не успеаја да поправат скоро ништо.
Додека се чекаше некакво возбудување долу на теренот, на трибините беше интересно. Стадионот неколку пати во текот на натпреварот беше исполнет со чад, а во една прилика судијата Јовановиќ поради тоа мораше да го прекине натпреварот.
По овој натпревар Ц. Звезда останува на плус два бода предност пред второпласираниот Партизан.