Словенија остана без пласман на СП 2023

433

Познати се имињата на четири земји кои обезбедија пласман на Светското првенство 2023 година. Унгарија, Хрватска, Исланд и Србија ги чекираа своите карти за Мундијалот, кој ќе се одржи во Шведска и Полска.

Словенија не успеа да им се одмазди на Србите за поразот на домашен терен. Ракометарите на нашиот северен сосед по вторпат излегоа како победници од оваа пресметка, славеа со 23-20. По првото полувреме имаа предност од два гола (10-8), а пред самиот крај со серија од 5-0 поведоа со 23-20 за мирен финиш. По раната елиминација на ЕП 2022, ова е нов удар за Словенија, сега нема да игра на СП.

Унгарија запиша убедлива победа против Израел од 36-22 и ја оправда фаворитската улога. До убедлив триумф дојде и Хрватска, славеше против Финска со 36-22. Мариќ и Главаш беа лидери кај „коцкестите“, двајцата заедно постигнаа 13 гола.

На СП следната година ќе го гледаме Исланд, кој исто така дојде до убедлива победа, на вториот меч на домашен терен беше подобар со 34-26.

ПретходноЕуро Никел убедлив, Гостивар без сили во Кавадарци
СледноЃорческа победи на турнирот во Италија во игра на двојки