Без проблеми, бранителот на титулата и актуелен освојувач на Купот на Македонија, Струмица, почна со победа во полуфиналето на машкиот одбојкарски плеј-оф. Во својата сала, струмичани во три сета славеа против Универзитет во Тетово, по што им преостанува само да го добијат и реваншот на гости за да го потврдат местото во големото финале.
Далеку понеизвесно треба да биде на втората полуфинална пресметка меѓу Шкендија и Вардар. Дуелот е закажан за в понеделник од 21 часот.
Прва лига (мажи), полуфинале (први натпревари)
Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово 3:0 (25:20, 25:19, 25:16) (1-0)
Шкендија– Вардар (понеделник, 21.00, МРТ-3)