Удинезе со 4:1 успеа да го победи Емполи, во меч од попладневната програма во Серија А. Домашните апсолутно доминираа во текот на целиот меч и заслужена победа на домашните. Стрелци на головите беа Исмајли си даде автогол за водство на Удинезе во 6.минута, потоа се беше полесно. Во 52.минута Удинезе преку Делофеу зголеми на 2:0, додека Пијамнти во 67.минута намали на 2:1 и тоа од пенал. Следуваа головите на Пусето и Самарџиќ за конечни 4:1.
Да кажеме дека Илија Несторовски, македонскиот интернационалец влезе во игра во 90.минута, значи беше на терен само шест минути.
Во вториот натпревар, Салернитана како гостин со 1:2 славеше кај Сампдорија.