Се чини дека некои работи треба се менуваат кога станува збор за санкциите кон рускиот спорт кој ги наметнаа речиси сите спортски организации во светот.
А се знае и зошто. Тоа е поради агресијата на Русија врз Украина. Дали мерките ќе се намалат, дали на руските спортисти и руските клубови наскоро ќе можат да се натпреваруваат?
Александер Чеферин, претседателот на УЕФА за словенечките медиуми како тоа да го наговести…
„Се надевам дека УЕФА наскоро ќе донесе одлука дали руските клубови ќе можат да се натпреваруваат во натпреварите во Европа. Во светот мора да се посветува поголемо внимание на повиците за мир и соработка. Руските спортисти не треба да страдаат поради војната во Украина“ рече покрај другото првиот човек на УЕФА.