Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, имаше извонредна завршница на турнирот во двојки кој се одржува во италијанскиот град Санта Маргерите ди Пула. Таа денеска во финалниот дуел во двојка со Ева Ведер од Холандија, славеше во два сета со 7:5, 6:2 над хрватската комбинација Лукас/Бошковиќ.
Веќе утре Лина е има шанса да атакува на втора титула во Италија, затоа што ќе игра и во сингл-финалето против својата партнерска на турнирот во двојки, Ева Ведер.