Деспотовски и Будва поведоа во црногорското плеј-оф финале

74

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Деспотовски и неговиот тим Будва тргнаа со победа во финалето на плеј-офот во црногорскиот одбојкарски шампионат. Шампионот на Црна Гора дојде до првата од трите неопходни победи во трката за одбрана на титулата.

Во првиот меч од плеј-оф финалето Будва го совлада Будуќност со 3:1 (25:21, 25:15, 23:25, 25:16) на домашен терен.  Деспотовски беше прв „плеј“ кај Будва, одигра одличен меч и заврши со реализирани 3 поени.

Вториот натпревар од финалето е закажан за в понеделник во 17 часот во Подгорица, а третиот повторно во Будва, на 20 април од 18 часот.

ПретходноДалас не може без Дончиќ: Јута тргна со победа на гостувањето кај Мавс
СледноИмобиле го спаси Лацио од пораз (ВИДЕО)