Дортмунд го “наполни“ Волфсбург! (ВИДЕО)

66

Попладнево се одиграа четири меча од 30.коло во Бундеслигата. Впечатлив беше убедливиот триумф на Дортмунд со Волфсбург од 6:1. Фантастичен настап на домашните, кои поведоа уште во 24.минута со голот на Роте. Потоа следуваа головите на Витсел, Аканџи, Чан, а заврши серијата голови со двата погодоци на Ерлинг Халанд. Гостите во 82.минута преку Баку само го ублажија поразот.

На останатите мечеви Фрајбург со 3:0 славеше против Бохум, Херта како гостин со 0:1 го победи домашниот Аугсбург, додека Мајнц и Штутгарт одиграа 0:0.

ПретходноЧеферин: Руските спортисти не треба да страдаат поради војната во Украина!
СледноПМФЛ: Ѓорче го доби градското дерби, Шкупи го проби “бункерот“ на Пелистер, Борец убедлив со Струга ТЛ