Еуро Никел убедлив, Гостивар без сили во Кавадарци

70

Дербито во Кавадарци во рамките на првиот меч од Супер-лигата им припадна на кошаркарите на Еуро Никел, кои славеа со над Гостивар со убедливи 82-72.

Двата тима приредија интересна пресметка, а домаќинот триумфот го најавија во третата четвртина.

Кавадарчани предводени од Калахан и Стојановски, со серија од 13-1 поведоа со највисоки 58-46 во 28. минута. На стартот на последната четвртина Еуро Никел имаше водство од 65-53, гостите успеаја да намалат на 66-61.

Соколов со тројка го прекина налетот на Гостивар, кој пак не успеа да најде начин да се врати на оваа средба. Тренерот на домашниот тим, Горан Самарџиев имаше повеќе расположени кошаркари, кои влегоа максимално мотивирани.

Соколов со 17 поени, Џекиќ со 16 поени и Дубински со 15 поени беа лидери кај победникот, на другата страна Рансом имаше 16 поени.

ПретходноПо вистинска драма Ѓорческа се пласира во финалето на турнирот во Италија!
СледноСловенија остана без пласман на СП 2023