ЗАПАД: Вардар и Силекс “распукаа“, кикс на Воска…

2699

Завршија сите пет мечеви од 23.коло во ВМФЛ – ИСТОК. Убедливи победи на Вардар и Силекс. Вардарци на ФФМ во Скопје славеа со 4:0 во “братското дерби“ со Тетекс, стрелци на головите беа Мишковски, Парталко и два на Петковски. Додека Силекс со 5:0 го победи Кадино.Воска дома со Гостивар одигра само 0:0,што секако дека е кикс на тимот кој е втор на табелата.

Сега разликата меѓу Воска и Вардар е шест бодови.

На останатите мечеви Беса со 1:0 славеше против Охрид, додека Кораби со 3:1 го совлада Велешта.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 23.КОЛО

БЕСА – ОХРИД 1:0

КОРАБИ – ВЕЛЕШТА 3:1

СИЛЕКС – КАДИНО 5:0

ВОСКА – ГОСТИВАР 0:0

ВАРДАР – ТЕТЕКС 4:0

ТАБЕЛА

Силекс 59, Воска 52, Вардар 46, Тетекс 35, Гостивар 30, Беса 29, Кораби 23, Велешта 17, Кадино 6.

ПретходноПМФЛ: Ѓорче го доби градското дерби, Шкупи го проби “бункерот“ на Пелистер, Борец убедлив со Струга ТЛ
СледноИСТОК: Слога (В) броеше до осум, по три бода и за Победа и Беласица