Куманово дојде до важни бодови во битката за опстанок во македонската елита. За првпат оваа сезона дојде до победа против Кожув, на гостински терен славеше со 72-89 во првиот меч од плеј-аут лигата.
Гостинските кошаркари до целиот плен дојдоа благодарение на добрата игра во второто полувреме. По 45-42 на одморот, Куманово наметна силен ритам, кој гевгеличани не можеа да го следат. Во второто полувреме беа подобри со 25-44.
Марјановиќ со 33 поени и Зивчевиќ со 25 поени беа лидери кај гостите, во редовите на Кожув Унрих имаше 22 поени.