Ракометната федерација на Македонија предмалку објави дека капацитетот на салата Борис Трајковски за утрешниот квалификациски меч против репрезентацијата на Чешка е исполнет, односно дека се продадени сите билети кои беа пуштени во продажба.
Македонија мечот против Чешка го игра утре со почеток од 19:00 часот, а истиот се игра во рамките на квалифиакциите за пласман на Мундијалот во 2023 година.
Пред само неколку дена на гостински терен одигравме нерешено 24:24, а сега пред полни трибини и пеколна атмосфера избраниците на Кирил Лазаров ќе имаат шанса за освојување на полн плен.