Одбојкарките на Работнички и Јанта Волеј КВ ќе играат во големото финале на плеј-офот во домашното првенство. Во полуфиналните пресметки и двата скопски тима во два меча ги минаа ривалите од Струмица.
Актуелниот шампион Јанта Волеј КБ и во вториот дуел со Наковски Волеј обезбеди максимлана победа од 3:0 со што со вкупни 2:0 во партии се пласираше во финалето. Работннички кој во првиот дуел со Струмица во Скопје загуби само сет, сега на гости обезбеди максимална победа за потврда на пласманот во финалето.
Прва лига (жени), полуфинале (реванши)
Наковски волеј – Јанта волеј КВ 0:3 (15:25, 20:25, 21:25) (0-2)
Струмица – Работнички Скопје 0:3 (17:25, 20:25, 21:25) (0-2)