Србинот потврди дека го напушта „Олд Трафорд“

165

Српскиот фудбалер Немања Матиќ потврди дека заминува од Манчестер Јунајтед. Оваа информација ја објави на социјалните мрежи, потврди дека веќе ги известил сите во клубот, од раководството до тренер, Ралф Рангник.

„После долго размислување, одлучив оваа сезона да биде моја последна во Манчестер Јунајтед. Ги известив сите во клубот од раководството, тренерот и играчите. Ми беше голема чест да играм за овој клуб. Голема благодарност им должам на навивачите за цврстата поддршка. Сега ќе дадам се од себе да им помогнам на соиграчите сезоната да ја завршиме на најдобар можен начин“, изјави Матиќ.

Матиќ на „Олд Трафод“ стигна во 2017 година од Челзи, со кој претходно освои две титули. Во дресот на Јунајтед не успеа да освои трофеј. Тој одигра 183 натпревари, даде четири гола и запиша девет асистенции.

ПретходноМЗТ Скопје се сака од мали нозе: Иднината на Аеродром ги бодреше своите идоли (ФОТО-ВЕСТ)
СледноЛазаров: Верувам во победа над Чешка, имаме квалитет!