Стартува трката за плеј-оф и за опстанок во „елитата“

62

Денеска и официјално стартува вториот дел од сезоната, кој ќе биде поделен на два дела.

Првиот е Суперлигата во кој се најдоа пет од шесте најдобри екипи од регуларната фаза. Меѓу нив не е екипата на Навико Академија ФМП, која поради административни причини, не може(ше) да настапува во највисокиот ранг на натпреварување. Нивното место го зема Феникс, како најдобро пласиран тим од долниот дел од табелата.

Пол-позицијата ја има екипата на Пелистер, која делуваше најстабилно во најголем дел од првенството, која дури во финалните натревари ги запиша и првите неуспеси (вкупно два). Зад битолчани е актуелниот македонски првак, кој има еден пораз помалку, по што следуваат Еуро Никел, Гостивар, ТФТ и Феникс.

Први на теренот ќе истрчаат кавадарчани, кои на домашен терен го пречекуваат Гостивар. Избраниците на Александар Јончевски пред завршување на првиот дел од сезоната успеаја да стават крај на серијата од четири порази во низа. Двата тима оваа сезона имаат по една победа, последната пресметка беше решена по продолжение, Гостивар на домашен терен славеше минимално.

Во плеј-аут лигата, односно битката за опстанок во предност е Академија ФМП, игра против Ангели, кој заедно со вториот тим на МЗТ Скопје се во долниот дел од табелата со скор од 20/2.

Во ист термин од 17 часот, МЗТ Скопје 2 е домаќин на Работнички, додека пак во 18:30 часот, Кожув го пречекува Куманово.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА – ДВОЈКИ 1. КОЛО

16. АПРИЛ (САБОТА):

18.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

18.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК):

20.00: Феникс 2010 – Пелистер

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

20. АПРИЛ (СРЕДА):

19.00: ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ТАБЕЛА: Пелистер (20-2), МЗТ Скопје Аеродром (19-3), Еуро Никел 2005 (14-8), Гостивар (13-9), ТФТ (13-9), Феникс 2010 (12-10)

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА

16. АПРИЛ (САБОТА):

17.00: Ангели – Навико Академија ФМП

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

18.30: Кожув – Куманово 2009

Сала „26.април“ – Гевгелија

ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП (14-8), Работнички (9-13), Кожув (8-14), Куманово 2009 (6-16), МЗТ Скопје Уни Банка (2-20), Ангели (2-20)

ПретходноПМФЛ: Ќе биде “жешко“ во Ѓорче, лидерот гостува во Битола и е на два чекори до титулата…
СледноБорис Бекер: Тенисот е пред уништување