Лазаров: Подадената рака од Столе и Миркуловски никогаш нема да ја заборавам

6001

На прес-конференцијата по средбата, капитенот и селектор на нашата репрезентација, Кире Лазаров, зборуваше за денешниот дуел со Чешка, но имаше и посебни зборови за благодарност до дел од нашите искусни ракометари кои го придружуваа на пресот.

„Победивме една супер-квалитетна репрезентација. Чешка беше екстра квалитетна на последното Европско првенство. Со Сабате е подобра и ќе биде уште подобра, затоа сме среќни и задоволни што како Македонија успеавме да победиме една ваква репрезентација, и Романија. Сакам да им се заблагодарам на Столе и Миркуловски ми подадоа рака да ми помогнат за да го здржиме континуитетот на големите натпреварувања. Секогаш кога ќе имам моќ ќе им помогнам на двајцата се познаваме добро, ние сме мала држава и само така треба да се поддржуваме. Миркуловски го вратив и тоа една голема чест за мене, ќе го почитувам тоа цел живот, истото важи за Стоилов, кој е специфичен, јас го познавам и го остава срцето на терен. Треба да бидеме горди што имаме вакви легенди во Македонија и треба да ги почитуваме“, изјави Лазаров.

ПретходноИ Столе го одигра последниот меч за Македонија: Со гордост го носев овој дрес!
СледноОваа Македонија, со Кире на чело…да УЖИВАШ!