Нека се тресе „Борис Трајковски“: Чешка никогаш не славела во Скопје!

350

Македонската ракометна репрезентација денеска (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш дуелот со Чешка за место на Светското првенство 2023 година. Првата пресметка во Злин заврши без победник (24-24), иако нашите момци имаа предност од седум гола на стартот на второто полувреме.

Меѓусебните пресметки со оваа репрезентација велат дека Чешка никогаш нема славено во Скопје. На последниот браж дуел, по поразот на гостински терен од шест гола, Македонија пред своите навивачи славеше со седум гола разлика и обезбеди мундијалска виза.

Чешка само еднаш си заминала со реми од Скопје, во 1996 година во квалификациите за ЕП следната година, дуелот заврши 27-27.

Оваа традиција треба да остане непроменета, бидејќи нашите ракометари денеска ја пречекуваат оваа селекција пред полни трибини, 7.000 грла ќе навиваат за Македонија. Па сите во нашиот табор очекуваат токму со силна поддршка од фановите да обезбедат нов пласман на Светско првенство, кое следната година ќе се одржи во Полска и Шведска.

„Мислам дека за овој втор натпревар ќе бидеме подобро подготвени, бидејќи немавме гледано натпревари со новиот селектор Сабате, па сега ќе знаеме што точно нè очекува. Одигрвме еден сосема добар натпревар во Чешка. Испуштивме 6-7 голови предност, тоа не смееше да ни се случи, но противникот покажа карактер. Знаеме дека се работи за квалитетна репрезентација, знаеме што нè очекува тука, со помош на 7.000 навивачи да обезбедиме пласман на Светско првенство“, изјави Филип Миркуловски. 

ПретходноЦиципас го освои Монте Карло
СледноВознемирувачко видео: Ненамерно му ја скрши ногата, па се расплака! (ВИДЕО)