ПМФЛ: „Пандевци“ во 90+4.минута со супер голот на Мартинага славеа под Шара…

647

Попладнево се одиграа и преостанатите три меча од 28.коло во ПМФЛ.

А. Пандев со супер голот на Мартинага во 90+4.минута успеа да дојде до златна победа. Тоа беше вистинска мајсторија, фантастичен гол.

Инаку овој натпревар навистина беше квалитетен, имаше од се по нешто, на крајот видовме и фантастичен погодок за струмичани.

Во Штип домашната Брегалница и Шкендија одиграа 0:0, резултат кој секако дека не им одговара на гостите. Имаше шанси и н двете страни, но и по бод и за двете екипи.

May be an image of 2 people, people playing sports and grass

На Автокоманда како гостин славеше Тиквеш и тоа со 1:2, и тоа со пресврт. Прво Најдоски му донесе водство на домашниот тим, за да потоа Каракамишев и Спахиу стрелаа за победа на кавадарчани.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 28.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0:0

СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 1:2

(Најдоски 19., Каракамишев 63. Спахиу 73)

РЕНОВА – А.ПАНДЕВ 0:1

/Мартинага 90+4)

ВЧЕРА:

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1:0

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0:1

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ 2:0

ПретходноБаерн и повеќе од убедлив на гостувањето кај Билефелд! (ВИДЕО)
СледноВо 90+10.минута: Атлетико Мадрид преку ВАР – пенал до победа со Еспањол! (ВИДЕО)