Португалија обезбеди место на Светското првенство 2023 година. Иако по првиот меч на домашен терен имаа негатива од три гола, сепак на реваншот во Ајндховен, успеаја да слават и тоа убедливо. Ракометарите на Португалија беа подобри со 28-35.
По првото полувреме гостинската репрезентација која доминираше речиси во текот на целиот меч, имаше водство од 15-17. Холандија одржуваше надеж до средината на вториот дел, по што целосно падна, на другата страна Португалците дојдоа до позитива која им обезбеди мундијалска виза.
Холандија пропушти шанса по вторпат да се најде на Светските првенства по 1961 година.
Мота да Коста со осум и Боргес со шест погодоци беа најефикасни во победничкиот состав, додека Кеи Смитс имаше седум гола кај Холандија.