Стефанос Циципас е освојувач на тенискиот мастерс турнир во Монте Карло за оваа година. Тој во финалето го совлада шпанецот Алехандро Давидович Фокина со 2:0, по сетови 6:3 и 7:6.
Со ова Циципас ја освои втората мастерс титула во својата кариера, откако триумфираше токму во Монте Карло минатата година. Од друга страна 46. тенисер на светот Форина не успеа до крај да ја приреди својаат сензација на овој турнир и ќе мора да се задоволи со второто место.