Агуеро до млад играч на Јунајтед: Не си играл со Меси, затоа мислиш дека Роналдо е најдобар

405

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед Алехандро Гарначо публикува фотографија со Роналдо на својот профил на социјалните мрежи. Роналдо постигна три гола во победата на Јунајтед со 3:2 над Норвич во 33. коло на Премиер лигата. Португалецот му ја подари топката на 17-годишниот фудбалер од академијата.
„Најдобриот играч на сите времиња“, напиша младиот фудбалер.
На тоа Агуеро прокоментира: „Дете, не си играл со Меси затоа мислиш дека Роналдо е најдобриот“.

ПретходноВеличествениот Порто успеа да го стигне Милан во најдолга низа без пораз
СледноТрагедија во Британија, загина големата боксерска надеж….(ВИДЕО)