Порто го совлада Портимоненсе со 7:0 во меч од 30. коло на португалското првенство и со 82 бода убедливо е прв на табелата. „Сино-белите“ од „Драгао“ сезонава имаат 26 победи и четири ремија и понатаму се без пораз, а нивната серија трае од 30 август 2020 година.
Сега успеаа да се изедначат со Милан затоа што 58 натпревари по ред се непоразени. „Росонерите“ таква серија имаа од мај 1991 до март 1993 година под водство на Ариго Саки и Фабио Капело.
Инаку втор на оваа листа е Селтик со 62 едноподруго натпревари без пораз, од ноември 1915 до април 1917 година, додека на првото место е Стеауа Букурешт која 104 меча по ред не забележала пораз. Таа нивна серија траеше од август 1986 до септември 1986 година.
By winning 7-0 tonight, FC Porto recorded their 58th consecutive match without defeat in the league! 🔥
Only AC Milan did as much between 1991 and 1993 among the top 5 European clubs!💫 pic.twitter.com/3GiZmDlRJ5
— Manuel Menacho 🇬🇧🇪🇸🇮🇪🏴🇧🇪⚽️ (@ManuelMenacho0) April 17, 2022